Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРазговорот меѓу Мијалков и Јанкулоска доказ за „Сопот“

Разговорот меѓу Мијалков и Јанкулоска доказ за „Сопот“

СЈО му предаде на Судот це-де со снимен телефонски разговор, меѓу поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како доказ во постапката за предметот „Сопот“, јавува А1он.

Доставен е и аудио разговор од МВР со сведокот Рамадан Бајрами. Ова се дел од дополнителните докази кои СЈО му ги достави на судот во повтореното судење за случајот.

Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи рече дека ќе побараат во судот како сведоци да бидат сослушани Мијалков и Јанкулоска.

Шесте обвинети останаа на изјавите кои порано ги дале пред судот. Четворица обвинети се недостапни, а еден е починат.

СЈО предлага како сведоци да се сослушаат 6 вработени во УБК како и вештаци кои ги ангажирало СЈО. Судењето е одложено за 23 ноември на барање на одбраната, за да има време да ги разгледа новите докази.

Во случајот „Сопот“ обвинети се 10 лица за смртта на двајца полски војници и еден македонски државјанин кои загинаа во 2003 година кога теренско возило на НАТО нагази на мина.