Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнРазголени твитерџии на календар за 2016

Разголени твитерџии на календар за 2016

Креативен „твитерџиски“ календар. Твитер календарот за 2016-та година ќе биде промовиран утре во „Јавна соба“, со почеток од 20 часот, а собраните средства од продажната изложба ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Фотографиите на календарот се на фотографот Ѕвонко Плавевски, за чија цел седуммина храбри момци и девојки од Твитер заедницата покажаа ентузијазам да се разголат пред објективот, раскажувајќи ја приказната за своето алтер его.

Првото издание на Твитер календарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.