Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРазгледници на Малком Икс продадени за 56.000 долари

Разгледници на Малком Икс продадени за 56.000 долари

Колекцијата разгледници кои борецот за човекови права Афроамериканецот Малком Икс и ги испратил на една жена во Кливленд, биле продадени на аукција за повеќе од 56.000 долари. Аукциската куќа „Нејт Д. Сандерс“ соопштиле дека рачно напишаните разгледници од 1957, 1958 и 1964 година биле продадени минатата недела во Лос Анџелес за 56.426,25 долари.

Разгледниците и биле испратени на Глорија Овенс, сестра на Масе Икс Овенс, секретар во Храмот на исламот во Њујорк во кој Малком Икс држал проповеди заедно со Луис Фарак.

Razglednica-f2

Разгледниците прикажуваат важни обележја. Малком Икс испраќал и расистички карикатури во овие разгледници и го прикажувал патувањето на афроамериканците низ главните метрополи на САД.