HomeДЕНЕШНАСветРазбиена меѓународна група на шверцери на дрога во Белгија

Разбиена меѓународна група на шверцери на дрога во Белгија

belgijska-policija-s

Седум уапсени лица а запленети повеќе милиони евра, возила и оружје во акцијата за разбивање на големиот меѓународен ланец за шверц на дрога и перење на пари. Белгиските власти соопштиле дека помогнале во оваа акција, а во канцеларијата на обвинителот во Брисел велат дека криминалната група пренесувала наркотици и пари меѓу Мароко, Франција, Белгија и Холандија. До 400 милиони евра заработени од дрога биле префрлувани меѓу градовите.

Според наводите на обвинителството, големи количини на пари биле испратени преку Дубаи, а перењето на пари биле извршено преку одредени компании во Казабланка. Само во Белгија во 11 полициски рации во кои учествувале околу 100 полицајци биле пронајдени речиси три милиони евра, седум возила и арсенал оружје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com