Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРауфи: Не очекував вакви драконски казни за Диво Насеље

Рауфи: Не очекував вакви драконски казни за Диво Насеље

Адвокатот Насер Рауфи во по изрекувањето на пресудата за обвинетите во Диво Насеље изјави дека не очекувал обвинетите да добијат толку високи казни, јавува Фокус.

– Не очекував благи казни, но ниту пак вакви драконски казни. Сепак, знаевме дека станува збор за монтиран кривичен предмет и за обвинителство, кое се уште не е реформирано. Затоа ќе бараме независна истрага, која веќе и се најавува. И, понатаму стојам на миселњето и тврдам дека целото сценарио е на тајните служби – рече Рауфи.

Како што веќе објавивме, денеска во Врховниот суд беше соопштена првостепената пресуда за случајот Диво Насеље со која седумина беа осудени на доживотен затвор, 13 на 40 години затвор, а четворица добија ослободителни пресуди.

На казна затвор од 20 години пак се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.