Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРатко Младиќ се бори за живот во Хаг

Ратко Младиќ се бори за живот во Хаг

Ратко Младиќ (73) на кого во Хаг му се суди за воени злосторства во Босна и Херцеговина, се бори за живот, пренесува српски „Курир“.

Неговиот живот во Хашкиот затвор полека згаснува и прашање на време е кога ќе се случи најлошото.

-На Младиќ му е парализирана десната страна од телото, едвај оди и говори. Има висок крвен притисок и шеќер, многу ослабнал и лошо изгледа. Потребно е лекарите итно да го прегледаат, а неговата одбрана бара тоа да го сторат руски експерти, вели извор близок до генералот.

Поради влошената состојба, неговото судење неколкупати се одложува и хашките судии стравуваат тој да не ја доживее судбината на Слободан Милошевиќ кој почина во притвор без да ја дочека пресудата.