HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаРачна бомба во Маџари оштети куќа и автомобил

Рачна бомба во Маџари оштети куќа и автомобил

madzari

Рачна бомба експлодирала ноќеска, петнаесет минути по полноќ во скопската населба Маџари на улица „Анри Барбис“. Од експлозијата нема повредени, а оштетени се прозорци од една куќа и еден автомобил „хјундаи атос“.

За настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој вршел увид до 03.20 часот. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но се уште не е познато од кој вид. Од местото на настанот бил подигнат предметен материјал кој е доставен на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com