Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаРастурена куќа, таткото пронајден мртов

Растурена куќа, таткото пронајден мртов

Зулфиќар М. (77) од Кичево, е пронајден мртов во неговата куќа на улицата Јосиф Јосифоски-Свештарот. Телото го пронашол неговиот син кој штом влегол забележал дека покуќнината е претурена што укажува дека станува збор за провала, а скршено било и стаклото од влезната врата. Убиството е извршено помеѓу 9 и 10 февруари, а полицијата трага по можниот сторител.