HomeДЕНЕШНАПолитикаРасте паниката во Кривичен: Панчевски инсталирал електронска картичка на вратата од својот кабинет

Расте паниката во Кривичен: Панчевски инсталирал електронска картичка на вратата од својот кабинет

krivicen

Претседателот на скопскиот основен суд 1 во петокот инсталирал ткн „дор сензор” на вратата од неговиот кабинет – дознава Макфакс. Нивните извори од судот велат дека инсталирањето на електронска картичка е изненадување, но има и такви кои сметаат дека таквиот потег е последица на случувањата од изминатава седмица, односно инцидентот кој се одигра меѓу раководителот на секторот за човечки ресурси и една од портпаролките на скопска „единица“.

Според истите извори, судии кои се незадоволни од случувањата во скопскиот кривичен суд побарале одржување на Колегиум на кој присуствуваат сите судии од Основниот суд Скопје 1-Скопје. На состаникот требало да се расправа за случувањата во судот по бројните потпишани петиции, но и за одговорноста на Владимир Панчевски.

По тужбите и тепачките, очигледно претседателот на судот смета дека му е потребна дополнителна заштита, па поставил уред за електронски влез во својот кабинет. Инаку, Кривичен наскоро ќе добие нов претседател. Актуелниот ќе се трка за уште еден мандат, но со оглед на неговата вмешаност во скандали во последниов период, сосема е извесно дека друг судија ја наследи канцеларијата со електронски влез.

Политичките избори ќе бидат пресудни, имајќи предвид дека лидерот на опозицијата за 24 Вести изјави дека се планира комплетен реизбор на судии по изборите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com