Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРасте бројот на загинати во Санкт Петербург

Расте бројот на загинати во Санкт Петербург

Властите во Санкт Петербург открија дека бројот на загинати лица во терористичкиот напад во метрото е зголемен на 14 луѓе откако е утврдено дека три лица починале бидејќи им подлегнале на повредите додека добивале медицински третман.

Во болниците во Санкт Петербург се лекуваат уште 49 лица со повреди од вчерашната експлозијата на бомба поставена меѓу метро станиците на Технолошкиот институт и главниот плоштад во центарот на градот.

Експлозијата се случи на денот кога рускиот претседател Владимир Путин беше во посета на Санкт Петербург и имаше средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.