Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРасте бројот на заболени од грип, нема причина за паника

Расте бројот на заболени од грип, нема причина за паника

Новите информации од Институтот за јавно здравје откриваат дека оваа недела има зголемување на заболени од грип и досега биле пријавени 165 случаи на грип, што е зголемување на бројот на заболени за 27 проценти во однос на неделата пред неа.

Анализите покажале дека иако има зголемување на бројот на заболени, во однос на овој период лани активноста на вирусот на грипот е се уште ниска. Најголем број на заболени лица од грип изминатата недела се забележани во Струмица, потоа во Тетово и во Охрид.