HomeДЕНЕШНАРепубликаРасте бројот на случаи на грип

Расте бројот на случаи на грип

Во текот на оваа сезона, во земјава се регистрирани вкупно 8.007 случаи на болни од грип. Само петтата недела од почетокот на годинава, во периодот од први до седми февруари, регистрирани се 3.127 случаи.Во споредба со истиот период од минатата година, вкупниот број пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 17,2 проценти.
svinski gripВо текот на оваа сезона, најголем број случаи се регистрирани во регионот на Струмица 1.072, Прилеп 1.013, Куманово 853, Битола 711… Највисока инциденца е забележана во Свети Николе и Кратово.
gripНајголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 5.832 случаи или 72,8 проценти, а најголема кумулативна инциденца од 483,5/100.000 се регистрира кај децата/учениците на возраст од 5-14 години, како и кај децата на возраст од 0-4 години од 468,2/100.000 жители.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на регистрирани случаи на грип бележи интензивен пораст во последните две недели, како и бројот на позитивно тестирани примероци. Од Институтот очекуваат континуираниот пораст на активноста на грип да продолжи и во наредните недели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com