Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРасте бројот на патници на македонските аеродроми, Германија омилена дестинација

Расте бројот на патници на македонските аеродроми, Германија омилена дестинација

Расте бројот на патници кои се одлучуваат да патуваат со авион. Во првите седум месеци од годинава, бројката на превезени патници на двата аеродроми во земјава е зголемена за 22,5 проценти во однос на истиот период лани и превезени се 1.008.435 патници, информира Министерство за транспорт и врски.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот од јануари до јули 2016 година регистрирани се вкупно 933.130 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 775.177 патници, се забележува зголемување од 20, 4 %.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од јануари заклучно со јули 2016 година, превезени се 75.305 патници или зголемување од 55,9 %.

Најзастапени дестинации, според бројот на патници за овој период, се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.