Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРасте бројот на корисници на хероин во САД

Расте бројот на корисници на хероин во САД

Бројот на корисници на хероин во САД значително расте. Во рок од десет години бројот на корисници на хероин се зголемил за 300 000 –пренеле Американските медиуми повикувајќи се на објавениот  извештај на американските Центри за контрола и превенција на болестите .

Извештајот е резултат на сведоштва на околу 67.000 Американци, кои секоја година се главниот извор за податоци на американската Влада за употребата на нелегални наркотички средства.

Едно неодамна спроведено истражување покажало дека приближно секој трет Американец од анкетираните 1.000 изјавил дека минатата година употребувал хероин. Тоа е зголемување во споредба со двајца на 1.000 во претходната деценија.

Експертите оцениле дека  ваквиот раст се должи на луѓето кои преминуваат од опиоидните смирувачи на болка кон поевтиниот хероин.