Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРасте бројот и на заразени просветни работници

Расте бројот и на заразени просветни работници

Бројот на заразени просветни работници се зголемува, овој пат има регистрирано нови случаи на позитивни со КОВИД-19 и тоа негувателки од Чаир.

Позитивни на корона вирусот се уште две воспитувачки во детската градинка Петар Пан во општина Чаир, а 4 деца се во самоизолација. Како што објави ТВ 24, уште една воспитувачка самата побарала да биде во самоизолација, бидејќи била во контакт со заболените.

-Во моментов во нашата градинка се згрижени вкупно 47 деца, а кадарот се состои од 6 негувателки и 8 воспитувачки. Бидејќи двете воспитувачки се потврди дека се позитивни на коронавирусот, уште една нивна колешка самоиницијативно побара да биде во самоизолација, бидејќи имала контакт со нив. Засега градинката продолжува нормално да работи со почитување на сите протоколи“, изјавиле од градинката за телевизијата.