Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеРаспустот да почне од понеделник за учениците од Центар поради загадениот воздух

Распустот да почне од понеделник за учениците од Центар поради загадениот воздух

Распустот да почне од понеделник за учениците од Центар поради загаденоста на воздухот. Ова го побарал градоначалникот Андерј Жерновски кој поднел барање до Министерството за образование и наука, за децата од 7-те општински основни училишта распустот да започне од понеделник, 28.12.2015.

Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните 10 дена во општина Центар има „многу високо“ ниво на ПМ 25 и ПМ 10 честички. Доколку висината на нивото на загаденоста на воздухот биде над дозволеното, ќе се продолжи со полугодишниот распуст и наместо до 21-ри јануари, учениците да не одат на настава се до намалување на загаденоста на нормално ниво, пишува на Фејсбук профилот на градоначалникот.