Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРаспишани изборите на 5-ти јуни, излез или бетонирање на кризата

Распишани изборите на 5-ти јуни, излез или бетонирање на кризата

Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, денеска според законските овластување ги распиша предвремените парламентарни избори кои е предвидено да се одржат на 5 јуни како што претходно беше договорено меѓу политичката елита, а внесено и во изборниот законик.

Опозицијата и понатаму најавува целосен бојкот и спречуваење на изборите на 5-ти јуни за кои смета дека однапред се нелегални и без создадени фер и демократски услови. Избирачкиот список се уште не е прочистен и не е утврдена точна временска динамика дали воопшто е возможно да се извршат сите управни постапки во МВР и останатите надлежни институции.

Од владејачката партија секако се задоволни бидејќи нивната позиција во изминатиот период не се менуваше, а тоа е дека народот ќе го даде главниот суд на денот на изборите. Сепак со бојкотот на опозицијата и мобилизацијата на критичната маса, самото одржување на избори не гарантира излез од кризата бидејќи суспендиран е политичкиот дијалог, а закочени се сите договорени реформи од „Пржино“.