Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРасните немири во Америка немаат крај – уште еден афроамериканец убиен од полицијата

Расните немири во Америка немаат крај – уште еден афроамериканец убиен од полицијата

Расните немири во САД немаат крај. Американски полицаец застрела уште еден црномурен малолетник при рацијата во Сент Луис во Мисури, САД. Група луѓе се собрала на местото на инцидентот, а дел од демонстрантите скандирале „Животот на црнците вреди“, парола позната за време на протестите заради убиството на Мајкл Браун во соседниот Фергусон.
luis1Началникот на полицијата, Сем Дотсон посочил дека од групата врз полицијата било фрлано со шишиња и со тули, поради што е употребен и солзавец. Уапсени биле деветмина од демонстрантите. Дотсон за инцидентот објаснил дека за време на полициски претрес на една зграда, двајца Афроамериканци истрчале од објектот, а еден од ни се завртел со оружје вперено кон полицијата. Полицијата тогаш пукала кон него. Идентификуваниот 18-годишен Мансур Бал-Беј починал, додека другото лице избегало.
luis2Убиството се случува во време кога активисти ја одбележуваат годишнината од убиството на Каџим Пауел, црномурен маж, кого што полицијата го уби додека им приоѓал со нож.