Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРасмусен со искуството од НАТО ќе го советува Порошенко

Расмусен со искуството од НАТО ќе го советува Порошенко

Украинскиот претседател Порошенко го именува Андреас Фог Расмусен за свој нов советник со што дава сигнали и до домашната, но и меѓународната јавност за сојузништво со Западот и заострување кон руската експанзистионистичка политика.

rasmusen ukraina

Расмусен е познат како поранешен секретар на воено-политичкиот сојуз НАТО и доаѓа на советничката позиција во доста критичен период кога во Украина се прават напори за сузбивање на одметнатите региони, но овој пат со економски и политички наместо воени мерки.