Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРашковски: 600 лицa во Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа

Рашковски: 600 лицa во Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски обвини дека поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски со вработување на 600 лица во Државниот секретаријат кои земале плата, а не оделе на работа го оштетил буџетот на Република Македонија за 824 илјади евра, пренесува „А1он“.

Како што информираше Рашковски вработените лица во Државниот секретаријат имале обврска да доаѓаат еднаш во неделата само за да се потпишат дека биле присутни на работното место, а останатите четири дена немале никакви обврски.

Рашковски исто така информираше дека од 2015-та година, односно откако опозицијата во јавност ги пушти „бомбите“, бројот на вработените кои не доаѓале на работа во Државниот секретаријат драстично се намалува, односно од 600 бројката се спуштила на 60 вработени кои земале плата без да одат на работа.

Рашковски изјави дека се поведени дисциплински постапки против овие 60 лица како и дека ќе биде поднесена кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Овие 60 лица се уште доаѓаат на работа, но одбиваат да ги извршуваат своите работни задачи.