Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРашиди до ВМРО-ДПМНЕ: Стратешки интереси ви почнуваат со Груевски, а ви завршуваат со Мијалков

Рашиди до ВМРО-ДПМНЕ: Стратешки интереси ви почнуваат со Груевски, а ви завршуваат со Мијалков

Пратеникот од Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, истакна дека 15 дена се зборува за тиранска платформа, Еди Рама и Зијадин Села, а изјавите на Села и Рама, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги читале наопаку, јавува „А1он“.

– Велите дека декларацијата ги загрозува стратешките интереси на Македонија, а всушност е придонес за стабилизација на Македонија. 25 години протестирате против се, а многу работи се остварени и не гледам што е загрозено, рече Рашиди.

Тој праша зошто патриотите од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не протестирале за заштита на македонските интереси од она што навистина ги загрозува.

– Вас не ве интересираат стратешки интереси на Македонија. Вашите стратешки интереси почнуваат со вашиот лидер, завршуваат со неговиот близок роднина, рече Рашиди.