Monday, Aug 21, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисРангот на Јотовски во нагорна линија!

Рангот на Јотовски во нагорна линија!

Томислав Јотовски, најдобриот македонски тенисер успеа да го подобри својот пласман на АТП листата (промена се врши во понеделник) и сега се наоѓа на 559 место со 58 поени. Јотовски има скок од 22 места пред се како резултат на финалето на фјучрсот минатата недела во Тунис.

Во следниот период до средината на септември тој нема обврска да „брани“ поени што значи дека секој добар резултат ќе му носи нови поени. Тоа може да биде шанса да го надмине својот најдобар ранг 510 место.

Од другите македонски тенисери Димитар Грабул е на 894 место, Бесир Дургути е рангиран на 1.241 место, Стефан Мицов е 1.385-ти, Шендрит Деари се наоѓа на 1.490 место, а Бојан Јанкуловски е 1.553-ти.

Според најавите Јотовски оваа недела е пријавен за настап на уште еден фјучрс турнир во Тунис.