HomeДЕНЕШНАЕкономијаРамниот данок ги осиромашува сиромашните – дали е потребно прогресивно оданочување?

Рамниот данок ги осиромашува сиромашните – дали е потребно прогресивно оданочување?

danok-denari-ujp

Откако опозициската СДСМ излезе со планот за прогресивен данок, се активираше и стручната јавност. Вчера експертите дебатираа дали е добро да се воведе прогресивно оданочување. Тие потенцираа дека Македонија ги искусила и двата концепта и треба да се изнајде вистинскиот начин за промена на оданочувањето.

„Сакам да потенцирам дека даночната политика не се однесува само на даночните стапки, даночниот систем е доста комплексен, составен е од многу компоненти и треба да се земат предвид сите компоненти. Од друга страна, пак, прогресивното оданочување претпоставува поголема правичност и фер оданочување, што би требало да донесе поголеми даночни приходи, но би требало да се разгледа со кои мерки да се воведе во даночниот систем“, рече претседателот на Центарот за даночна политика, Борче Смилевски на денешната трибина.

Дел од експертите сметаат дека рамниот данок не ги покажа своите ефекти, а тој придонесе сиромашното население се повеќе да осиромашува на сметка на богатите.

„Потребно е Македонија да ги преземе позитивните искуства од Хрватска и од Словенија и повторно да го воведе прогресивното оданочување бидејќи рамниот данок немаше некои посебни ефекти, пред сѐ, во сузбивање на сивата економија и во делот на спречувањето на даночната евазија, истакна Славко Лазовски од Центарот за даночна политика.

Инаку, во однос на прекршувањата на правата на даночните обврзници, најголем број пријави има за злоупотреба на лични податоци. На трибината беше истакнато дека таквата состојба е присутна и во другите земји. Не е случај само во Македонија од Управата за јавни приходи да протекуваат личните податоци на граѓаните.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com