HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Rammstein“ издава нов албум на есен 2017 година

„Rammstein“ издава нов албум на есен 2017 година

48303581658389d16ce396540737701_v4_big

Пејачот на најпопуларната германска рок група „Rammstein“ Тил Линдеман откри дека новиот долгоочекуван албум на овој бенд ќе биде објавен на есен 2017 година. Линдеман во едно интервју откри дека доколку работите се одиваат како што треба новиот албум ќе биде објавен за точно една година. „Моментално сме во студио каде работиме на новите песни. Доколку се биде како што се очекува, албумот ќе биде објавен на есен 2017 година. Доколку се случи некое задоцнување, тогаш ќе биде објавен пролетта 2018 година“, изјави Линдеман.

„Rammstein“ пред неколку месеци го претстави својот нов сингл под назив „Ramm 4.“. Не е познато дали оваа песна ќе биде дел од новиот албум. Германската група од 1994 година до сега издаде шест албуми, а после последниот „Liebe ist für alle da“ следеше дискографска пауза која трае веќе полни седум години. Од друга страна, бендот неодамна повторно се собра и започна турнеја ширум Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com