HomeДЕНЕШНАРегионРама најави попис на албанската дијаспора – во иднина и тие ќе гласаат

Рама најави попис на албанската дијаспора – во иднина и тие ќе гласаат

edi-rama

Премиерот на Албанија Еди Рама најави попис на албанската дијаспора. На првиот Самит на албанската дијаспора кој се одржа во Тирана изминатите два дена Рама рече дека е неопходен попис на албанската дијаспора со цел потоа да се овозможи и гласање на истата на избори во земјата. Исто така, според него, пописот ќе овозможи и организираше на подобри активности на Тирана со дијаспората.

„Албанија има потреба за поорганизирана соработка со Албанците кои работат и живеат во земјите на ЕУ и САД, но неопходен е попис за тоа да се реализира подобро“, рече Рама.

На бројните прашања на претставниците на здруженијата од дијаспората околу погледите на албанската влада за обединување на сите Албанци во една држава, Рама рече дека обединувањето треба да се гледа во ЕУ. Албанската опозиција упати остри критики за Владата која го организираше Самиот, нагласувајќи при тоа, дека таа не била поканета, и првиот самиот го оцени како партиска пропаганда во интерес на власта во Албанија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com