Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометРакометарките на ЕП до 18 години го доживеаја својот прв пораз

Ракометарките на ЕП до 18 години го доживеаја својот прв пораз

Европското првенство за женски ракометни репрезентации до 18 години во Шпанија, иако започна добро за нашата екипа против репрезентацијата на Литванија, сепак синоќа се спушти во надолна линија.

Нашите репрезентативки не успеаја да ја задржат негативата од само еден гол што ја имавме на полувреме, кога резултатот беше 11:12, па така Германија издвои победа со убедливи 10 голови разлика, односно 31:21.

Со една победа и еден пораз во две изиграни кола, Македонија има 2 поени и се наоѓа на претпоследното место од табелата. На првата позиција е Русија со 4 поени, Германија исто така 2 поени а Литванија нема остварено победа.

Последното коло за нашите ракометарки ќе се одигра утре против репрезентацијата на Русија.