Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометРакометарката на Вардар, Радичевиќ, избрана за најдобра во регионот

Ракометарката на Вардар, Радичевиќ, избрана за најдобра во регионот

Црногорската репрезентативка Јованка Радичевиќ денеска е прогласена за најдобра ракометарка која игра во клуб од поранешната СФРЈ во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен портал „Балкан хандбал“.

Во изборот гласаат новинари од повеќе земји и посетителите на сајтот. Десет ракометари на Вардар се најдоа во изборот, а три од нив влегоа и во идеалниот состав.

Признанието на Радичевиќ и го доделија новинарите од просторите на поранешна СФРЈ и тоа е прво вакво признание за неа.

Идеален тим во регионот:

Голман: Амандин Лејно
Лево крило: Мајда Мехмедовиќ
Лев бек: Кристина Неагу
Среден бек: Андреа Лекиќ
Десен бек: Катарина Булатовиќ
Десно крило: Јованка Радичевиќ
Пикер: Драгана Свијиќ