HomeДЕНЕШНАСветРадиоактивни писма испратени до словачката Влада, правда и судови – паника во институциите

Радиоактивни писма испратени до словачката Влада, правда и судови – паника во институциите

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Анонимни писма со радиоактивно зрачење добиле вработени од владата и од министерството за правда во Словачка. Писмата се испратени до Министерството за правда и до окружни судови, соопшти началникот на полицијата Тибор Гашпар, цитиран од локалните медиуми.

Радиоактивноста била меѓу 4,5 и 7 пати над нормалното зрачење. Според лабораториско испитување едно од писмата содржело редок изотоп америциум 24, кој е многу опасен при вдишување. Мотивот на испраќачот на писмата засега е нејасно. Во нив не се упатени закани, но не се исклучува и верзијата за терористички акт. Граничари од Житомирскиот одред пак открија во Киевска област 5 тони радиоактивен отпад при претрес на приватен дом. Радијацијата во нив била 10 пати над нормалата.

Се уште се испитува случајот кој и зошто ги испратил тие писма, но секако безбедноста е подигната на повисоко ниво, а во институциите се создаде паника.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com