Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРадикалистите во суд во Тирана: „Само ИД може да ја ослободи Албанија“

Радикалистите во суд во Тирана: „Само ИД може да ја ослободи Албанија“

На денешното рочиште од судскиот процес во Тирана, против девет лица, меѓу нив и имами обвинети за помагање, пропагирање, регрутирање и исплаќање Албанци на боиштата во Сирија и Ирак, дел од обвинетите почнале да извикуваат „Албанија ќе ја ослободи само ИД“ и тоа на арапски јазик.

Според тиранската телвизија Топ чанел, најгласни и овој пат биле Фадил Муслимани и Генц Бала самопрогласениот имам од џамијата „Нов прстен“ во Тирана. „Албанија ќе ја ослободи само Исламската држава, бидејќи младите бегаат насекаде, немаат доверба во државата. Исламот е заложник на муслиманската верска заедница“, извикувале осомничените на арапски јазик.

Како и на претходните рочишта, обвинетите одбиле да одговараат, не го признаваат судот, одбиле да им се даде адвокат, велејќи дека единствено Алах може да ги казни. Еден од обвинетите, Герти Пашја, само што им бил даден обвинителниот акт, тој го земал и го искинал: „Вие сте криминалци, продолжете, правете што сакате“, извикал Пашја, нарекувајќи го обвинителот непријател и човек кој му отворил војна на исламот.

Судскиот процес почна во март, но нормално рочиште досега не е одржано.

Инаку, во градот Корча се појавија и првите графити со џихадистички пораки,што внело вознмиреност и загриженост кај жителите на овој град.