Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРаботниците останаа без гарантиран К15 – ССМ вели регрес ќе има

Работниците останаа без гарантиран К15 – ССМ вели регрес ќе има

Сојузот на синдикати на Македонија се согласи со организацијата на работодавачи К15 популарно наречениот паричен додаток за годишен одмор да не биде задолжителен и да не биде дел од колективниот договор, туку да се сведе на одлука на сектори со договори меѓу работниците и работодавачите, како и да се стави доброволен основ за негова исплата со оглед на последиците од финансиската криза.

ssm

Од Солидарност, здруженито за работнички права велат дека ова е грубо прекршување на веќе стекнатите работнички права и ССМ целосно ги изневери работниците попуштајќи пред работодавачите од приватниот сектор.

Од ССМ велат дека со Спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството правото на регрес за годишен одмор не е укинато, туку се остава простор за висината на износот која може да биде повисока, но и пониска со надзор од синдикалното здружение или преставници на вработените.

Само да потсетиме дека пред само една година добивање на регрес или К15 беше триумфално славено од страна на ССМ како најголемите поборници за човекови права и се нагласуваше дека секоја фирма која нема да ги исплати средствата ќе биде казнета, за сега да видиме еден целосно поинаков речник во кој изговори се бараат во лошата финансиска состојба на фирмите, светските економски кризи, како и можноста за губење на работни места доколку сите одредби останат според првично договорените позиции.