Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаРаботниците од „Леар“ затруени од стафилокока

Работниците од „Леар“ затруени од стафилокока

Бактеријата стафилокока најверојатно била причина за масовното труење на 200 работници во тетовската фабрика Леар, јавува „ТВ24“, повикувајчи се на извори од истрагата.

Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека причината за трењето ќе биде соопштена преку соопштение и оти резултатите дополнително ќе бидат доставени до Јавното обвинителство во Тетово, каде се води постапката.

Работниците од третата смена во четвртокот спрема петокот јаделе макарони со месо, подготвени од познат ресторан во околината на Тетово. Во меѓувреме ресторанот како и фабриката Леар се затворени, а работниците се пуштени на домашно лекување.