Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРаботниците и граѓаните не го забораваат уништувањето на РАФО

Работниците и граѓаните не го забораваат уништувањето на РАФО

Револтот меѓу граѓаните и поранешните вработени во рафинеријата Рафо во романското градче Онешти не стивнува и по речиси една деценија од нејзиниот колапс. 86 годишниот Петре Голдош го сретнавме на улица, ама веднаш прифати да разговара на оваа тема но раскажува со огромен гнев. Виновникот за уништувањето на РАФО го гледа и во газдите и во политичарите.

– Украдоа бандитите. Цела ова банда од арамии го изиграа градот, ја уништија гордоста на градот. Колку партии имаше, толку крадци дојдоа. Која партија дојди, уништи го Рафо. Имавме приходи, но сега што? Еден куп луѓе останаа на улица. Овде беше индустрија, права индустрија. Возовите кога застануваа на железничата станица во Борзешти, беа преполни со луѓе. Немаше место за седење. Гледавме стотици работници како слегуваа, денес нема кој да слезе. Е така беше во нашиот град, Петре Гордош – жител на Онешти.

rafo

За разлика од Гордош, градоначалникот на Онешти е скржав на зборови кога тема на разговорот е РАФО. Го прашавме кој е виновен за пропаѓањето на рафинеријата дали работниците кои ги продале акциите, дали сомнителните сопственици, дали политичарите или пак се заедно, ама тој конкретен одговор нема.

– Со сигурност, граѓаните на Онешти не се виновни, немаат ни за што да бидат виновни. Тие само имаа интерес да си ги задржат своите работни места, да имаат пристоен живот. Од различни мотиви, не сакам да правам муабет за инвеститорите и да зборувам во нивно име. Како што и вие спомнавте, некои од поранешните акционери се во тешки ситуации и не можам да ги коментирам нивните одлуки преземени во тоа време, Николае Гнатикус – градоначалник на Онешти.

За првиот синдикалец во Рафо најголем проблем е што вработените не биле единствени во одбраната на рафинеријата.

– Оние кои на време заминаа од Рафо и кои немаат никаква вина за тоа што други договарале нешто во нивно име, си ги прифатија последиците, а со нив и нивните фамилии и тука мислам дека е најголемата загуба. Јас сум човек кој држи до другите луѓе. Работев исто многу како нив и покрај нив и верувам цело време дека можам да им ги застапувам нивните права но само ако има обединетост. Без обединетост, секој синдикалец кој може да ми каже дека може ги брани правата на работниците, лаже и се лаже самиот себе, Мариан Јон – претседател на синдикат во „РАФО“.

Рафинеријата Рафо е изградена во средината на минатиот век и била движечка економска сила на Онешти. Но по неколку сомнителни купопродажни договори и откако западнала во рацете на исто толку сомнителни бизнисмени направила огромни загуби. Дел од овие луѓе сега се вмешани во обидот за преземање на Макпетрол.

Извор: telma.com.mk