Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текРаботници од Шведска си вградија микрочипови за полесно поврзување

Работници од Шведска си вградија микрочипови за полесно поврзување

Дури 150 вработени во во шведската компанија Epicenter доброволно се пријавиле за вградување на микрочипови под кожата.

Извршниот директор на компанијата, Патрик Местерсон, вели дека станува збор за импланти, кои овозможуваат поквалитетно користење на професионалните ресурси и повисоко ниво на сигурност. Микрочипот има големина колку зрно ориз, кој им овозможува пристап до огромна база на податоци, како и отварање на некои врати во просториите на Epicenter.

Во микрочипот има и кодови за “secure print” протокол, што му овозможува на поединецот да оди до уредот, да биде прочитан неговиот код и да испрати некој документ веднаш, така што ќе биде автоматски испишан на компјутерот. Со тоа може и преку NFC технологијата да се плаќа на брз и едноставен начин.