HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаботнички ја прекина непобедливоста на Вардар

Работнички ја прекина непобедливоста на Вардар

rabotnichki-vardar

Работнички го изненади шампионот Вардар и со убедлива победа од 3:0 го „олади“ црвено-црниот тим кој во текот на натпреварот можеби имаше повеќе шанси или пак условно кажано имаше јалова контрола на теренот, но за разлика од Вардар, Работнички своите шанси ги користеше и му го нанесе првиот пораз на Вардар во новата сезона. Вкупно на 17 натпревари на домашната сцена сезонава Вардар беше непоразен, но попладнево на таа серија и дојде крајот.

Суад Сахити во 33 минута го отвори резултатот и тоа беше најава дека ова нема да биде добар ден за Вардар. Тоа беше и резултат од полувремето, а истите бројки на семафорот стоеја се до 85 минута кога Филип Дурански искористи еден кикс на гостинската одбрана и го одведе Работнички на чекор со трите бода.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com