Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаРаботник тешко се повредил откако паднал од втор кат

Работник тешко се повредил откако паднал од втор кат

Четриесет и шест годишниот А.А. од Копанце се здобил со сериозни повреди на главата откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае.

Инцидентот се случил вчера нешто пред 13 часот додека А.А. со електрична дигалка спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Дигалката во еден момент се откачила и заедно со количката тој паднал од вториот кат на објектот од околу шест метри во дворот.

Со возило повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите на главата бил префрлен на скопските клиники.