HomeДЕНЕШНАЕкономијаРаботниците на Југохром повторно на протести, фабриката не е главен виновник за загадувањето

Работниците на Југохром повторно на протести, фабриката не е главен виновник за загадувањето

jugohrom

Фабриката Југохром е привремено затворена поради наредбата да бидат поставени филтри но, и во овој период мерењата покажуваат дека воздухот во Тетово и околината и натаму високо загаден. Токму затоа синдикалното раководство на Југохром најави одржување на нови протести бидејќи се наоѓаат во очајна финансиска состојба и нивната егзистенција е загрозена со намалените приходи што не земаат цела плата.

Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството бара од надлежните органи да ја повлечат мерката забрана за работа на „Југохром“. За четврток најавуваат протест пред Министерството за животна средина. Образложуваат дека и во услови кога компанијата не работи мерните станици во Тетово бележат висока концентрација на штетни честички во воздухот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com