HomeДЕНЕШНАЕкономијаРаботниците на Југохром не се откажуваат, ќе протестираат и натаму

Работниците на Југохром не се откажуваат, ќе протестираат и натаму

rabotnicijugohrom-protest-3

Работниците на Југохром одржаа голем протест низ улиците на Скопје блокирајќи ја раскрсницата пред Судската палата, а потоа маршираа до Инспекторатот на Животна средина каде доставија протестно писмо во кое бараат да се отстрани забраната за работа на комбинатот.

rabotnicijugohrom-protest-2

Синдикалното раководство тврди дека тие не се виновни за оваа состојба и дека сакаат да продолжат да работат и да обезбедат егзистенција за своите семејства. Според нив се докажало дека Југохром не е главен виновник за загадениот воздух во тетовскиот регион и дека може да се постават потребните филтри, а истовремено фабриката да работи.

Доколку нивните барања не се испочитуваат тие ќе продолжат со протестите за кои најавуваат дека ќе бидат поголеми. Раководството на компанијата и натаму има проблеми со поставувањето на филтрите за отпрашување и бара продолжување на роковите иако на повеќе наврати ги пречекорија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com