Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаботнички со минус еден се враќа од Летонија

Работнички со минус еден се враќа од Летонија

Работнички го стартуваше второто коло од квалификациите за Лига Европа со минимален пораз од 1:0. Тимот на Јелгава имаше помала теренска иницијатива, но очигледно и повеќе среќа и сконцентрираност па со голот на Кјушкинс во 87-та минута кој беше доволен за победа. Сепак, поголемиот број на шанси, добрата игра и домашниот терен може да бидат доволни за Работнички во реванш натпреварот во Скопје следната недела за надминување на Јелгава.