HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Queen“ бараат од Трамп да не ја користи нивната музика

„Queen“ бараат од Трамп да не ја користи нивната музика

Британската рок група „Queen“ соопшти во вторникот дека не му одобрила на Трамп, републиканскиот кандидат за претседателски избори во САД, да ја користи нивната музика. Како што соопштија на својот Твитер профил, бендот никогаш не издал одобрение за користење на песната „We Are the Champions“ на републиканската национална конвенција во понеделникот.

Kvin

„Неовластената употреба на Републиканската конвенција е спротивно од нашата воља“, напиша бендот на својот Твитер профил. Меѓу музичарите кои порано побараа од Трамп да не ја користи нивната музика беа „Ролингстоунс“, Адел и Нил Јанг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com