Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПутин возврати на ембаргото – Нема увоз од Западот

Путин возврати на ембаргото – Нема увоз од Западот

Русија го продолжи ембаргото врз западните земји од ЕУ, САД, Канада, па дури и Австралија од каде се забранува увоз на храна и состојки, како одговор на претходно поставените санкции на Европската Унија поради кризата во Украина.

Според руските медиуми Путин имал средба со членовите на кабинетот на која истакнал дека мора да се одговори на санкциите со продолжување на ембаргото за уште една година и на тој начин да се заштити стабилноста на Русија и да се поттикнат домашнте земјоделци.

Од Кремљ соопштија дека санкциите врз Крим се дискриминаторски и политички мотивирани, додека пак западните сојузници сметаат дека со економски блогади ќе го ослабат дејствувањето на Русија и особено позицијата на Путин. Русија секако е огромен пазар и ембаргото ќе им наштети на голем број на извозници на храна.