Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПутин во Кина ќе договори милијарди долари, Брегзит е неважен

Путин во Кина ќе договори милијарди долари, Брегзит е неважен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во официјална посета на Пекинг при што беше свечено примен од кинескиот претседател Кси Џинпинг. Во текот на посетата Путин и кинеското раководство ќе треба да ги потврдат договорите вредни милијарди договори за изградба на нова брза железница, заедничка авионска компанија, големи проекти во транспортот на стоки и секако, засилување на соработката меѓу армиите.

Коинцеденција е што средбата се одржува еден ден по Брегзит, но Кина и Русија нема да се фокусираат премногу на европските прашања туку на Блискиот исток и заканата од тероризмот, како и зголемување на меѓусебната подршка во трансазискиот процес.