Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПутин создава единствен европски пазар – еврото и доларот ќе бидат неупотребливи

Путин создава единствен европски пазар – еврото и доларот ќе бидат неупотребливи

Рускиот претседател Владимир Путин подготвил нацрт – закон во кој е предвидено дека во Заедницата на независни држави нема да можат да се користат доларот и еврото како платежно средство.

Така ќе се создадат напори за оформување единствен финансиски пазар меѓу Русија, Ерменија, Белорусија, Таџикистан, Казахстан, Киргистан и другите држави од поранешниот Советски Сојуз.


“Со ова ќе се зголеми користењето на националните валути во надворешните трговски трансакции и во финансиските услуги и со тоа ќе се зголеми ликвидноста на пазарите на домашни валути. Овој предлог-закон, исто така, ќе помогне да се поедностави трговијата во регионот и да се зголеми макроекономската стабилност “, соопшти Кремаљ.


Russia's President Vladimir Putin chairs a government meeting at the Novo-Ogaryovo state residence outside MoscowЗадолжителното преминување на пресметки во националните валути би требало да започне меѓу 2025-та и 2030-та година. Сегашната трговска размена меѓу Евроазиската економска унија во 50% од случаевите се плаќа во долари и евра.