HomeДЕНЕШНАСветПутин: Руската граница не завршува никаде

Путин: Руската граница не завршува никаде

Границата на Русија „не завршува никаде“ се нашали рускиот претседател Владимир Путин на прославата на Руското греографско друштво кое го пренесуваше руска телевизија. Путин на сцената запраша деветгодишен ученик, кој рече дека ги знае сите главни градови на сите земји во светот, каде се завршува руската граница.

„Руската граница со Соединетите Американски Држави завршува со Беринговиот мореуз“, одговори момчето. „Руската граница не завршува никаде“, изјави Путин насмевнувајќи се и додаде „Се шегувам“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com