HomeДЕНЕШНАСветПутин пристигна во Истанбул, ќе има тет-а-тет со Ердоган

Путин пристигна во Истанбул, ќе има тет-а-тет со Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Турција, каде што ќе учествува во рамките на 23. Светски енергетски конгрес кој се одржува во Истанбул.

Предвидена е и средба на рускиот претседател со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, на која тие ќе разговараат за подобрување на руско турските односи, особено по обвинувањата за рушењето на рускиот воен авион, како и за регионални и меѓународни проблеми. Предвидено е и потпишување билатерални документи, соопшти Кремљ.

Посетата на рускиот претседател доаѓа по деветмесечна криза во односите меѓу Москва и Анкара.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com