HomeДЕНЕШНАСветПутин: Наша цел е неутрализирање на воените закани по Русија

Путин: Наша цел е неутрализирање на воените закани по Русија

vladimir-putin

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со воените функционери на таа земја изјави дека Русија ќе тежи кон одржување на стратешки баланс на силите и дека ќе работи на неутрализација на заканите кои потикнуваат од изградбата на систем за ракетни одбрани и концепт за глобален напад.

„Нашата цел е ефективно да неутрализираме било какви воени закани по безбедноста на Русија, вклучувајќи ги и оние поврзани со изградбата на стратешки ракетни одбрани до примена на концептот за глобален напад и информациски војни“, изјави Путин. „Ние ќе продолжиме да правиме се што е возможно за одржување на стратешкиот биланс на силите“, истакна рускиот претседател.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com