HomeДЕНЕШНАЕкономијаПутин најави прекин на производство на нафта и цената одма рипна

Путин најави прекин на производство на нафта и цената одма рипна

Еден од главните заклучоци на Енергетскиот самит што се одржува во Истанбул е земјите кои произведуваат нафта да донесат одлука за сопирање на проиводство на сирова нафта со цел цената на барелот да порасне и достигне барем 60 долари за да има економска исплатливост, а на такво нешто е подготвен и рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија е подготвена да им се придружи на напорите за ограничување на производството и ги повикува останатите извозници на нафта да го направат истото“, рекол Путин додавајќи дека се надева оти на состанокот на ОПЕК во ноември ќе има „одредени спогодби“.

Според Путин, ниските цени на нафтата предизвикаа најдлабока рецесија во нафтените инвестиции во изминативе 45 години. Неговите коментари предизвикаа голем скок на цените на нафтата за над долар ипол по бараел и сега еден барел на Лондонската берза чини над 53 долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com