HomeДЕНЕШНАСветПутин изрази надеж за подобри односи меѓу САД и Русија

Путин изрази надеж за подобри односи меѓу САД и Русија

vladimir-putin-s

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж за средување на односите меѓу Москва и Вашингтон кога ќе биде поставена новата американска администрација. Путин изјави дека односите меѓу Русија и САД се значително „деградирани“ изминатите неколку години и додаде дека за тоа не е виновна Русија.

„Сега кога предизборната кампања во САД е завршена и новиот претседател треба да влезе во Белата куќа, можеме да се надеваме дека ќе се појави шанса за воспоставување на одбор за клучни прашања не само меѓу овие две земји, туку иза осигурување на меѓународна стабилност и безбедност“, изјави Путин.

Путин исто така истакна дека во неодамнешен телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп постигнале согласност дека „незадоволувачката состојба на односите меѓу Русија и САД секако треба да биде поправена. „Русија е подготвена да се сретне со партнерот на пола пат“, истакна Путин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com