HomeДЕНЕШНАСветПутин и Обама се сретнаа за последен пат, односите меѓу САД и Русија чекаат нова ера

Путин и Обама се сретнаа за последен пат, односите меѓу САД и Русија чекаат нова ера

Рускиот претседател Владимир Путин срдечно го поздрави американскиот претседал во заминување Барак Обама на АПЕК самитот во Перу со кого во последните 8 години водеа „тивка“ војна, со меѓусебни провокации и тешки одлуки на конфротација.

Без оглед што постоеше надеж дека Обама како дел од прогресивното тело ќе придонесе за нормализација на односите, тој само ги засили црвените линии, нанесувајќи силни санкции против Русија, особено по конфликтот во Источна Украина.

Прес службите на двајцата претседатели посочија само дека разговорот бил неформален. Путин сега ќе го чека Доналд Трамп како нов шеф на Белата куќа со кој се надева дека е возможно да најде заеднички јазик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com