Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПуштен во употреба проширениот булевар „Партизански одреди“

Пуштен во употреба проширениот булевар „Партизански одреди“

Денеска официјално беше пуштен во употреба вториот дел од пробиениот булевар „Партизански Одреди“ од кружен тек Порта Влае до црквата „Св. Петар и Павле“.

Со проектот е реконструиран и проширен постојаниот коловоз, со што е добиен современ, модерен булевар со шест сообраќајни летни, по три во двете насоки, со вкупна ширина од 21 метар.

Вкупната инвестиција за реализација на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди” изнесува 40 милиони денари, соопштија од Град Скопје.