HomeДЕНЕШНАРепублика„Пулмологија“ со бесплатни прегледи во Сити мол, се одбележува денот против ХОББ

„Пулмологија“ со бесплатни прегледи во Сити мол, се одбележува денот против ХОББ

smoking cigarets

Вкупно 583 нови пациенти се лекувале на Клиниката за пулмологија и алерголија од минатата година досега, од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), прогресивно заболување на белите дробови кое доведува до отежнато дишење и склоност кон сериозни болести.

Според информациите од Клиниката, во последните три години се зголемува бројот на амбулантски лекувани пациенти: во 2014 година имало 3.195 амбулантски и 523 хоспитално лекувани, во 2015 година тој број е 3.737 амбулантски и 586 хоспитално лекувани, додека годинава во амбуланта се лекувани 4.320 пациенти, а 580 биле хоспитализирани.

Под мотото „Диши во знаење“, Клиника за пулмологија и алергологија денеска ќе го одбележи Светскиот ден на ХОББ. По тој повод ќе има бесплатни прегледи во трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Според податоците на Светската здравствена организација, 5 до 10 проценти од сите возрасни над 40-годишна возраст имаат ХОББ, со поголема застапеност кај мажите отколку кај жените.Вкупно 3 милиони смртни случаи годишно се предизвикани од ХОББ. Најголем процент од нив (повеќе од 90 отсто) се случуваат во слабо и средно развиените земји.

Светскиот ден на ХОББ се организира секоја година од страна на глобалната иницијатива ГОЛД,  во соработка со здравствените работници и пациентите со ХОББ од повеќе од 50 земји низ светот. Целта е да се подигне свеста за болеста, да се информира јавноста за манифестациите, за можните последици и превентивните, како и тераписките можности, со што би овозможиле навремено дијагностицирање и подобрување на грижата за пациентите со ХОББ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com